Изминативе денови гости на фудбалскиот клуб Вардар се школата Вардар-Ростов од Русија. Тие имаа можност да се запознаат со новата академија, како и условите под кои работат младинските екипи на Вардар. Се дружеа со децата од Вардаровата школа, тренирааа и одиграа пријателски натпревар со генерацијата родени “2008“ година на ФК Вардар. Овој меч се одигра во вечерен термин на академијата и заврши со нерешен резултат од 4:4. Се играа по две полувремиња од по 20 минути.
Вечерва од 19 часот ќе спарингуваат со генерацијата на Вардар родени “2007“ година кои се предводени од Зоран Петковски, додека во четврток пријателски меч ќе има и со Вардаровата генерација родени “2006“ година. Ова е одлична можност за запознавање и споделување на искуства со дечиња од другите земји, каде другарството е ставено во преден план. Денес ќе имаат можност да го посетат и тренинг кампот во населбата Хиподром и да се запознаат со играчите од првиот тим на ФК Вардар.