Две победи, еден нерешен резултат и пораз е билансот на Вардаровите екипи во рамките на деветтото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник во ова коло ни беше екипата на Шкендија.
Помладите пионери земаа еден бод на тешкото гостување во Тетово, играјќи со нерешен резултат 1:1. Иако имавме предност со голот на Ибрахим Ариф во второто полувреме домашниот тим стигна до израмнување на резултатот. Ова беше втор нерешен резултат за избраниците на Сашо Јанев, кои имаат уште три победи и четири порази, со што се наоѓаат на осмото место на табелата.
Прв пораз во новата сезона претрпеа и Вардаровите пионери кои беа совладани во Тетово со минимален резултат од 1:0. Единствениот гол беше со удар од белата точка во првото полувреме. Вардарци на овој меч настапија драстично ослабени без Стојановски, Антовски, Битиќи и Велковски кои имаа репрезентативни настапи, додека повеќе го нема и најдобриот голгетер на оваа генерација, Марко Ѓорѓиевски кој го напушти клубот. И покрај поразот остануваме на првото место на табелета, но сега само со два бода повеќе од најголемиот конкурент, екипата на Шкупи.
Најубедливиот натпревар против Шкендија го одиграа кадетите, кои славеа со убедливи 5:1. Јахја Абдулхади одигра одличен натпревар постигнувајќи хет-трик, додека Оливер Дишлиевски и Александар Трајчевски беа стрелци на еден погодок. Доминација на нашите млади надежи во текот на сите 90 минути, кои ја оправдаа фаворитската улога на овој натпревар. Со овој триумф избраниците на Влатко Колев се вратија во борбата за титутлата, заостанувајќи само три бода пред првопласираниот тим на Работнички кој викендов одигра само со нерешен резултат.
Младинците направија глем исчекор кон освојување на приматот есенски шампион, откако во дуелот со својот најголем конкурент за титулата, екипата на Шкендија славеше со резултат 3:2. Ердон Даци после повредата се враќа во својата голгетереска форма постигнувајќи дв гола, додека еден беше дело на Теодор Димитровски. Ова беше деветти последователен триумф за избраниците на Марковски кои останаа “осамени“ на врвот н табелата, со пет бода повеќе од второпласираната Шкендија. Овие две екипи најверојатно до крајот ќе се борат за титулата во лигата, со оглед дека третопласираниот Работнички заостанува веќе десет бода од Вардар, додека Аадемија Пандев која е на четвртото место има 13 бода помалку од моменталниот лидер на табелата.