Голема победа за ФК Вардар во кадетското дерби со Шкендија. Мечот се играше на теренот во Јане Сандански, избраниците на Влатко Колев дојдоа до победа со 5-1 (4-1). Мечот го почнавме со :Тимевски, Џуклевски, Јордановски, Серафимов, Наскоски, Дишлиевски, Кировски, Малевски, Трајчевски, Стоименов, Јахја.
Вардар тргна офанзивно уште од првата минута, тренерот Влатко Колев побара, а и гррачите почнаа да напаѓаат уште од првата минута. Прва шанса имаше преку капитенот Трајчевски. Веќе во седмата минута судијата Александар Недевски досуди пенал за црвено-црните. Успешен реализатор на истиот беше Трајчевски Александар. Следна прилика со глава имавме преку Дишлиевски Оливер, кој шутираше одлично , сепак голманот Чадоровски е поуспешен во овој дуел. На сцена стапува Јахја Абдулхади кој има свое шоу во продолжение, тој игра симуланка со целиот состав на Шкендија. Одесно имаме соло продор преку капитенот Трајчевски кој нафрла одлично до Јахја Абдулхади , тој убаво со внатрешна погодува за 2-0 во 27 минута. Нашата офанзива е во полн ек, вече две минути потоа во 29 минута истиот играч Јахја Абдулхади ја има топката одесно, наместо на центаршут се одлучува на директен удар и го изненадува голманот на гостинската екипа постигнувајќи гол за 3-0. Нашите момци се во целосна офанзива шанса има со глава Јахја која не успева да ја претвори во гол. се играше 34 минута Јахја Абдулхади добива корисен центаршут кој со глава го претвора во гол. Поведуваме со високи 4-0. Гостите успеваат следната минута преку Вељија да намалат на 4-1, тоа беше се што успеаа да направат во првиот дел.
Во вториот дел влеговме целосно растеретени со големо водство , со цел да го изработиме овој дел и мирно да дојдеме до триумфот. Прва прилика имаше во вториот дел капитенот Трајчевски кој не успеа да погоди за ннов пет погодок за нас. “Петардата„ успеа да ја “пукне“ Дишлиевски Оливер тој погодува од соло продор одкако ја измеша одбраната на Шкендија. Тренерот Колев веднаш по петиот гол почна да ја уфрла клупата во игра влегуваат : Менковски, Маркоски, Стојчевски, Мушиќ, Милевски и Петревски. Прилика има и гостинската екипа одлично Бојан тимевски, кој мора да назнанчиме дека во првиот дел даваше сигурност на тимот со навремени искачања и пресекување на долги топки и корисни центаршути на екипата од Тетово. Во вториот дел рутинирано ја држиме топката пред голот на гостите , постојано држејќи ја топката висока. Последна прилика за нас имаше Милевски кој шутна крај голот во 89 минута од дуелот.