Денеска на терените на ФК Работнички се одигра ново коло во рамките на Детската фудбалска лига. Најмладата генерација на ФК Вардар, дечињата родени 2008 година, продолжија да ги “мелат” противничките тимови. Овој пат, момчињата на Неделковски ги победија дечињата од фудбалската школа на Скупи со резултат 8:1
Нашите момчиња и на овој натпревар стигнаа до лесна победа. Иако постигнавме осум погодоци, сепак, на крајот можеше разликата да биде и уште по убедлива. На овој натпревар четворица наши играчи ја погодија мрежата на Скупи.
Стрелци на головите денеска беа:
Ненад Дамјановски (3)
Павел Aндов (2)
Стефан Бранковски (2)
Илија Митаноски (1)