Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар СЦЈС поразен од ЖРК Металург
ЖРК Вардар СЦЈС поразен од ЖРК Металург

ЖРК Вардар СЦЈС поразен од ЖРК Металург

Денеска точно напладне во СЦ. “Јане Сандански” се одигра дерби натпреварот од осмото коло помеѓу водечките две екипи ЖРК Вардар СЦЈС и ЖРК Металург. Овој натпревар го добија гостинките од Автокоманда со резултат 20:25 (9:12) . Ова беше втор пораз во новата сезона за нашите млади девојки.

Во првите десет минути од натпреварот се играше гол за гол. Се до 15 минута нашите девојки имаа егал, односно еден гол негатива. Во 18 минута од натпреварот Металург имаше минимална предност од 6:5. Веќе во 20 минута од натпреварот за одбележување беа двата голови предност за Металург. Потоа следуваше прекин на мини серијата на гостинките, со голот на Нолевска нашите девојки дојдоа пак до еден негатива во 21 минута. Во наредните три минути следуваше нова мини серија на Металург, за веќе плус три во 25 минута. Нашите девојки ја прекинаа оваа серија со гол на Керамитчиева за 8:10. Се до крајот на првиот дел Металург постигна два, а нашите девојки само еден погодок, за на пауза да се замине со резултат 9:12.

Во првите две минути од вториот дел и двете екипи постигнаа по еден погодок за повторно три предност за гостинките. Нашите девојки во вториот дел делуваа уморно и без идеја, во 36 минута за одбележување беа највисоките пет голови предност за гостинот од Автокоманда. Во 40 минута од мечот девојките од Автокоманда имаа предност од 18-13. Се чинеше дека нашите девојки на овој натпревар немаа голема идеја во нападот како да го матираат голот на гостинките, се до 40 минута успеавме да постигнеме само 13 погодоци. Се беше јасно веќе во 45 минута од мечот. Во 45 минута нашите девојки имаа највисока негатива од седум голови 13-20. Се до 55 минута се играше со по некој погодок на двете страни, на пет минути до крајот резултатот гласеше 18:25. Пораз на нашите девојки 20:25. Останува сега девојките да ја темпираат формата за Челинџ купот, каде на 13 ноември ќе гостуваме во Бугарија кај екипата на Свиленград.

Трпковска и Митова постигнаа по четири, додека пак Нолевска, Керамичиева и Прленда постигнаа по три. Кај Металург Николиќ постигна 7 погодоци.