Победа за ФК Вардар младинци во дербито со Шкендија забележуваме на денешниот дуел одигран на теренот во Јане Сандански. Момците на Љупчо Марковски-Калц однесоа победа со резулат 3-2(2-0). За нас настапија: Трајчевски, Тодоровски,Ричков, Исмаил, Личина(капитен), Димков, Додевски, Димитровски, Даци и Стојчевски.
Мечот го почнуваме офанзивно нашиот напаѓач Даци Ердон прв забележува прилика која не успева да ја претвори во погодок. Голот го погодуваме во 9 минута по еден карамбол пред противничкиот гол. Димитровски Теодор го отвара резулатот на овој дуел погодувајќи лукаво за 1-0. по голот нашата иницијатива продолжува Беќири Јасир се обидува , сепак неговиот удар е блокиран од одбраната на тетовчани. Шкендија има голема прилика , бравурозен на нашиот гол е Филип Трајчевски кој исфрла во корна. Во соло продор од лево е Виктор Димков кој одлично го пронаоѓа во казнениот простор Даци Ердон кој погодува за 2-0. Ова е шести гол за Даци на четвртиот дуел за него откако се врати по повредата која јазаработи кога дебитираше за првиот тим во Тетово на куп мечот со Скендербегу. уште една одлична одбрана на нашиот голман Трајчески во продолжение кој ги откажува напаѓачите на тетовските црвено-црни. До крајот имаме уште две прилики една преку Виктор Димков и преку Додевски Дарко. Двете прилики завршуваат без реализација. Со резултат 2-0 се заминува на одмор.
На почетокот од вториот дел тргнавме офанзивно да ја зголемиме нашата предност. После само две минути Ердон Даци со својот втор гол денес зголемува на 3-0 и комотна предност на црвено-црните младинци на овој дуел. Вардарци доминираат во продолжение имаме постојан притисок, Даци забележува уште една прилика која не успева да ја претвори во погодок. Љупчо Марковски-Калц тренерот на младинците се одлучува да освежи , Филип Стојчевски му го остапува местото на Најдовски Александар. Шкендија успева да намали во 68 минута , погодок за 3-1 го постигнува Касими Ард. Веднаш потоа имавме голема прилика преку нововлезениот Најдовски кој погоди крај директот. Шкендија се обиде да притисне сепак капитенот Личина е на ниво и чисти неколку топки сигурно и мирно како што е одлика за еден ваков одличен играч кој ја носи капитенската лента кај младинскот состав на фудбалскиот клуб Вардар. Голема прилика за нас во продлжение , Даци одличен волеј сепак голманот на гостите Ибраими Фатјон е поуспешен. Берат Исмаил со глава одлично шутира, но го погодува дирекот од голот на гостите. Шкендија поторно преку нивниот најдобар играч денес Касими Ард намалуваат на 3-2 на 7 минути до крајот на овој младински дуел. Јасир во финишот му го остапува местото на Хамизиќ . Ричков со глава се заканува во продолжение сепак топката минув крај голот.