Денес на терените на ФФМ продолжија натпреварите од седмото коло во детската фудбалска лига. Нашата генерација родени “2005“ година одиграа два натпревари, на кои забележаа убедливи победи.
Вардар (1) за противник го имаше тимот на Њу Старс (3) кој го доби со резултат 6:0. Првите пет минути поминаа во почетно испитување на силите на теренот, иако Вардарци имаа поголем посед на топка. Полека започна да се “пали“ машината на нашиот состав, кој започна да создава шанси пред противничкиот гол. Прв кој се закани беше Ѓорѓи Дошев, но неговиот удар завршува покрај голот на Њу Старс. Црвено-црните имаа комплетна иницијатива на тренот. Капитенот Величковски исто така го имаше својот прв удар, кој завршува вор ацете на противничкиот голман. Истиов играч бие со глава покрај голот. Противникот неможеше вечно да има среќа, па конечно го отвараме резултатот со голот на Давор Серафимов од пенал, откако екипата на Њу Старс направи три корнери. Набргу имавме можност да го зголемиме резултатот, но ударот на Серафимов со глава, голманот со крајни напорни успева да го одбрани. Денес одличниот Јовановски имаше одличен продор се ослободи од неколку играчи, асистираше до Пројкоски овој шутира но резултатот остана непроменет, 1:0 по првиот дел.
На стартот на вториот дел со првиот гол на Никола Величковски успеваме да зголемиме на 2:0, а на голот претходеше одлична асистенција на Филип Јовановски на кој му се препишува половина гол. Ова момче успева да постигне евро гол од слободен удар и со неговиот прв гол во тој момент да зголеми на 3:0. Повторно Јовановски се решава се сам да направи, зема топка од противничката половина повлекува, ослободувајќи се од неколку играчи од левата страна бие и погодува, без шанса противничкиот голман да ја фати топката, за веќе убедливи 4:0. Да потенцираме дека и одбраната беше на високо ниво, а тука наш “командант“ е Давор Серафимов, кој не дозволува никаква опасност кон нашиот гол. Се обиде за прв пат од слободен удар противникот, но нашиот голман Василиј ја зачувава мрежата незатресена. Следува и хет-трик на Филип Јовановски за водство од 5:0. Нова одбрана на Василиј, резултатот е непроменет. До крајот на мечот уште еден гол во мрежата на Њу Старс, дело на повратникот во тимот, Давор Лефковски. Конечниот резултат е 6:0.
Многу поубедлив беше Вардар (2) кој ја наполни до врв мрежата на Њу Јорк. Резултатот на овој дуел гласеше 13:0. Горјан Цветков се обиде од слободен удар, за малку над голот. Јакимовски беше следен кој се закани, но останува почетниот резултат. Сепак Лука постигнува гол во следната акција за водство од 1:0. Во наредниот период шанси имаа Горјан Цветков, кој еднаш ја погоди стативата, како и Влатко Кулуковски. Продолживме со иницијативата, што вроди со плод за зголемување на 2:0, со голот на Симеон Здравковски. Одлично игравме и константно напаѓавме на половината на противникот. Во листата на стрелци се запишува и Кулуковски за предност од 3:0. Њу Јорк направи три корни, по што судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Симеон Здравковски за водство од 4:0. Петарда во мрежата на Њу Јорк за водство од 5:0. Конечно погодува и Горјан Цветков за веќе убедливи 6:0. Овој резултат беше актуелен на полувреме.
Прва прилика во вториот дел имаше Лука Јакимовски. И во овој дел од мечот уште седум погодоци во противничката мрежа. Три голови беа дело на Горјан Цветков, Дамјан Конески погоди на два пати, додека Кулуковски и Крстиќ постигнаа по еден гол во второто полувреме. Конечниот резултат е 13:0.
Нови добри натпревари за Вардаровата генерација “2005“ која забележа две нови убедливи победи.