Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Падна и Милано, Вардаровите генер. “2002“ и “2003“ со три бода се враќаат од Куманово
Падна и Милано, Вардаровите генер. “2002“ и “2003“ со три бода се враќаат од Куманово

Падна и Милано, Вардаровите генер. “2002“ и “2003“ со три бода се враќаат од Куманово

Нови победи за Вардаровите геенрации родени “2002“ и “2003“ во рамките на шестото коло од регионалната скопска лига. Денес нашите млади надежи гостуваат во Куманово, на екипата на Милано.

Избраниците на Томче Трајановски остануваат со максимален број на освоени бодови и по одигрување на ова коло. Тие денес пободија на гостувањето во Куманово со резултат 1:3. Сите голови паднаа во второто полувреме. Антонио Мирков денес беше голгетерески расположен постигнувајќи хет-трик. Вардар прв го отвори резултатот на 0:1. Набргу следеше одговор од екипата на Милано, која успева да постигне гол и да израмни на 1:1. Сепак денес Вардарци беа далеку подобри на теренот и на крај сосема заслужено ги освоија бодовите. За тоа се погрижи до крајот новото засилување за оваа сезона, Мирков кој донесе триумф од 1:3. Со оваа победа останува на првото место на табелата.

Петта победа во лигата и за генерацијата “2002“ на тренерот Петар Ѓорѓиевски. Леонид Игнатов покажува дека се наоѓа во одлична форма, постигнувајќи го единствениот гол на овој меч. Вардар славеше минимално со резултат 0:1. Овој резултат беше актуелен и по првото полувреме. Имаве уште неколку шанси за поубедлива победа, но резултатот остана непроменет. Најважно е што освоивме нови три бодови од ова “незгодно“ гостување во Куманово.