Денес во спортско рекреативниот центар “Кале“ се одигра дебитанскиот меч сезонава за пионерската женска екипа на Вардар. Тие беа домаќинки на екипата на Чаир, во меч во кој целоссно доминиравме и се играше “викторија“ пред голот на гостинките однесовме убедлива победа со неверојатен резултат, 28-2 (15-0).
Мечот го започнавме со погодок на Ѓорѓиевска , поведувајќи со 1-0. Потоа следеше серија 4-0 и поведовме во 5 минута од дуелот со високи 5-0 што го покажа текот на мечот како ќе биде понатака. Следеше помалку ефикасен период за нас сепак ние во одбраната игравме цврсто Трајковска беше на нивото на нашиот гол и поведуваме со 7-0 во 10 минута. Тоа резултира сопобаран тајмаут од гостинската екипа заради консултации. Во продолжение ништо посебно на мечот “викторија“ пред голот на Чаир поведуваме со 14-0 во 18 минута. Токму во 19 минута гостинките ја имаат првата голема прилика за гол, пенал. Сепак невештите чаирчанки и тоа неуспеваат да го претворат во гол. Погодуваме до крајот уште еднаш за да идеме на одмор по со 15-0.
Вториот дел од 20 минути колку што се играат мечевите во женска пионерска категорија почна со погодок за нас и водство од 16-0. Тренерскиот тандем во вториот дел почна со Станчевска Ивана на голот и неколку измени од клупата. Гостинките дури во 24 минута успеваат да дадат почесен гол намалувајчи на 16-1. Ние правиме нова голема серија од 9-0 и на почетокот од последните пет минути влегуваме со 25-1 со погодокот постигнат на Талевска. Докрајот успеваме во последните пет минути да зголемниме на 28-1. Гостинките на 25 секунди до крајот успеаа да намалат на 28-2 тоа беше нивни втор и последен гол денес. Ние имавме напад кој избраничките на Ристовска и Пецевска не го претворија во нов гол. Најефикасна кај нас беа: Донева, Талевска и Петкова со по пет гола.
Вардар: Трајковска, Гроздановска-1, Арсовска, Дамјановска, Гонзалес-1, Ѓорѓиевска-2, Донева-5, Петковска-5, Софтовска-2, Станчева Ивана, Костовиќ-4, Миновска, Седловска, Димитриевска, Талевска-5.