Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки се враќаат со победа од Русија, имаме нов специјалист за пенали!
Вардарки се враќаат со победа од Русија, имаме нов специјалист за пенали!

Вардарки се враќаат со победа од Русија, имаме нов специјалист за пенали!

ЖРК Вардар ја запиша и втората победа едно по друго во ЛШ. Попладнево нашите девојки во Русија го победија тимот на Астраханочка со резултат 26:31 (13:14). Остануваме први на табелата во нашата група со 5 бодови.

Вардарки започнаа на најдобар можен начин. По првите пет минути нашиот тим имаше предности од 1:5. По првите десет минути домаќинките направија дури пет технички грешки. Во 10 минута од мечот нашите девојки имаа предност од три голови разлика 3:6. Потоа следуваше серија од три голови едно по друго на домаќинките за 5:6. Следуваше уште еден гол од пенал за 6:6 во 13 минута. Серијата ја прекина Алтхаус со гол од линијата за шест метри за нова предност. Со два гола во серија на Мавсар од пенал, Вардар дојде на плус два во 18 минута. Во 23 минута од мечот нашите девојки имаа предност од 11:9. Одличната Песоа одбрани пенал во 24 минута. На полувреме се замина со еден гол предност за нашиот тим 14-13.

Во вториот дел отворивме со гол. Пенезиќ го постигна петиот погодок денеска за 15-13. Следуваа два гола за нашиот тим преку Лазовиќ и Херем за плус три во 35 минута. Во 38 минута нашите девојки дојдоа и до највисоките плус четири со голот на Лазовиќ. Во 40 минута од натпреварот резултатот гласеше 18:21. Следуваа два голови за Астраханочка за само минус еден за домаќинот. Серијата ја прекина Мавсар со гол од пенал за плус два. Следуваше уште еден гол на Мавсар од пенал за плус три во 45 минута. Ова беше петти гол на Мавсар денеска. Песоа до 46 минута успеа да одбрани три седмерци. Пенезиќ имаше свој ден, го постигна и својот седми погодок во 48 минута за нови плус четири за нашиот тим. Следуваше уште еден погодок на Пенезиќ за највисоки плус пет во 48 минута. Следуваа два гола на Дамњановиќ за плус четири. Во 56 минута од мечот имавме два гола предност. Следуваше многу важен гол на Дамњановиќ за плус три. Крај на натпреварот победа на Вардарки!

Андреа Пенезиќ постигна десет погодоци денеска, а Мавсар успеа да постигне шест (сите од пенал).