Денеска на терените на ФК Работнички се одигра ново коло во рамките на Детската фудбалска лига. Генерацијата 2007 одигра два нови натпревари. Најпрвин на теренот одигра натпревар Вардар (1). Нашите момчиња убедливо го победија и тимот на Чаир со резултат 12:0. И на овој натпревар нашите стрелци беа расположени за голови. Вкупно шест играчи се запишаа во листата на стрелците. Александар Грашевски постигна дури пет погодоци, Петар Мицевски постигна три, додека пак по еден постигнаа: Марко Крстевски, Драган Лебариќ, Борјан Томовски и Стефан Младеновски.
Вардар (2) запиша пораз овој викенд. Нашите момчиња загубија од тимот на Винер Спорт со резултат 4:0. Ова беше еден од потешките порази за нашата екипа оваа сезона во Детската лига. Но, што е тука е, и поразите се составен дел од спортот. Очекуваме нашите момчиња уште во наредното коло да го поправат впечатокот и да се вратат на победничките патеки.