Она што се очекуваше се официјализираше без гостински навивачи ќе мине фудбалскиот меч во недела . “Меч од висок ризик“ е прогласен дуелот од првото коло од новата сезона помеѓу ФК Вардар и ФК Шкупи екс Слога Југомагнат .
Во кординација помеѓу Фудбалската федерација и министерството за внатрешни работи на земјава донесена е одлука за забрана за гостински навивачи поради како што оцениле овие два субјекта големата можност од инциденти на овој дуел . Мечот ќе се игра под рефлектори со почеток во 20-00 часот . Заради поголема безбедност и билетите нема да се продаваат претходно , а нема да бидат достапни ни он-лајн туку ќе се продаваат последните часови пред мечот .