Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Утре започнува младинскиот меѓународен турнир “Скопје куп“ ,на кој Фк Вардар го брани трофејот во својата категорија
Утре започнува младинскиот меѓународен турнир “Скопје куп“ ,на кој Фк Вардар го брани трофејот во својата категорија

Утре започнува младинскиот меѓународен турнир “Скопје куп“ ,на кој Фк Вардар го брани трофејот во својата категорија

Во периодот од 5-11-ти август по втор пат во Скопје, ќе се одржи младинскиот меѓународен турнир “Скопје куп 2015“ на кој учество ќе земе и фудбалскиот клуб Вардар, во генерацијата родени 1999 година. Минатата година, младите Вардарови фудбалери родени “97“ го освоија овој силен турнир со победата во финалето против екипата на Војводина. Оваа година своето учество го потврдија вкупно 32 екипи, кои ќе се борат за првото место во својата генерација.

На турнирот ќе играат Партизан, Вардар, Дит Софија, Пелистер, Осиек, Сесвете Загреб, Крпан Бабиќ Осиек, Буба Мара Загреб, Куштерија Загреб, Војводина, Славија Софија, Реал Ниш, Академија Пандев, Неготино, Шкендија, Елбасан, Металург и Еуромилк.
Кадетите на Вардар кои ќе не претставуваат на овој турнир имаат и нов тренер, во името на Влатко Колев. Црвено-црните се наоѓаат во група заедно со екипите на Сесвете, Крпан Бабиќ и Дит Софија.

Мечеви распоред :

- Вардар :Крпан Бабиќ. Четврток 17 часот(терен ФФМ)
-Вардар : Дит Софија. Петок 18:30часот(терен во Ѓорче)
-Вардар :Сесвете . Сабота 17 часот (терен ФФМ)