Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Вардар “јуниор“ започна со подготовки за новата сезона
Вардар “јуниор“ започна со подготовки за новата сезона

Вардар “јуниор“ започна со подготовки за новата сезона

Втората екипа на Рк Вардар ги започна подготовките за новата сезона. Првиот тренинг беше одржан во С.Р.Ц. Кале. Во Скопје остануваат да тренираат до 13-ти август. Следниот ден заминуваат на едно неделни припреми во Маврово, каде ќе одиграат неколку пријателски натпревари. Овој тим предводен од Пепи Манасков во новата сезона ќе имаме можност да го гледаме како се натпреаврува во супер-лигата, заедно со првата екипа. Негов помошник од клупата останува Аце Станковски.

vardarfans vtor tim

Изминатата сезона ја завршија на првото место во првата ракометна лига, со максимален учинок на победи. Екипата воглавно останува иста, со неколку нови играчи, кои го засилија клубот. Нови имиња се Петар Филиповски, Божидар Симиќ и Мартин Манасков. Заминаа Александар Стефанов и Ангелче Органџиев.

Фото: Рк Вардар мк.