Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Влатко Колев: Би ги заменил сите досегашни мои трофеи и титули, само за тој во четврток
Влатко Колев: Би ги заменил сите досегашни мои трофеи и титули, само за тој во четврток

Влатко Колев: Би ги заменил сите досегашни мои трофеи и титули, само за тој во четврток

Во четврток на тренинг центарот “Петар Милошевски“ ќе се одиграат финалните натпревари од фудбалскиот куп на Македонија, во генерации на кадети и младинци. Два клуба ќе се борат за трофејот од ова натпреварување и во двете категории, тоа се екипите на  Вардар и Академија Пандев. Кадетското финале ќе започне од 11 часот, додека младинското ќе биде одиграно со почеток од 14 часот. Кадетските екипи на Вардар и А. Пандев веќе одиграа два натпревари во првенството, на кои Струмичани забележаа еден триумф, додека еден дуел заврши со нерешен резултат. Во лигата имаме освоено 14 бода повеќе од противникот или 42 за црвено-црните, додека А. Пандев собра 28 бодови. Во пресрет на големото финале, тренерот на кадетите на Вардар, Влатко Колев за нашиот сајт ги сподели очекувањата за овој натпревар кој следи, со нагласување дека би ги заменил сите освоени титули, само за овој куп трофеј со Вардаровите кадети.

-Не очекува еден тврд и тежок натпревар со голема борба на секој дел од теренот. На вакви финални мечеви, не може да се каже која екипа е фаворит. Победникот може да го реши еден удар, или акција од прекин. Сепак Вардар е “гигант“ за Македонски услови и се разбира дека одиме на триуф во ова финале од купот, како и на секој претходен меч од тековната сезона.

Колев како тренер на пионерите на Вардар, пред десеттина години го освои првенството, а сега ќе ја има можноста за нов трофеј со младинските категории.

-Со пионерите на фудбалскиот клуб Вардар во 2006 година ја освоив титулата во првенството. Сега десет години подоцна повторно очекувам да го повторам успехот, но овој пат во националниот куп. Се ќе сториме што е во граници на фудбалската игра да го освоиме овој трофеј. Јас би ги заменил сите досегашни мои трофеи и титули, само за овој во четврток. Ете толку многу ќе ми значи оваа куп титула со кадетите, изјави Влатко Колев за нашиот сајт.

Звонко Ивановски