Задутре на националната арена “Филип втори“ ќе се одигра 32. коло односно последниот меч од сезоната 2015/2016 за црвено-црниот фудбалски колектив. На истиот по десетти пат ќе бидеме крунисани со титулата шампион во нашата 69 годишна фудбалска историја. По мечот со Работнички кој е закажан со почеток во 16часот и 30 минути од Фудбалската федерација на Македонија ќе го добиеме пехарот за најдобар тим во оваа сезона во македонската прва фудбалска лига.
Во последното коло влегуваме со 77 освоени бодови, односно пет бода предност пред Шкендија која вчера го освои Купот на Република Македонија во фудбал. Сезонава имаме примено само 17 гола што ја прави нашата одбрана најцврста во мак.фудбалот, имаме постигнато 66 гола што е второ офанзивно остварување во лигата. Според најавите кај црвено-црните ќе истрча комбиниран состав од играчи кои помалку добивале шанса оваа сезона од шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски. Очекувано беше да се најде место и за некој маладинец, но се поклопува финалето од Купот во младинска конкуренција со дуелот против Работнички овој факт го потенцираше и тренерот на младинците Љупчо Марковски-Калц во една изјава за клупскиот сајт. Скопје нека ние среќна новата 10-та титула на нашиот црвено-црн миленик, на кој му посакуваме долга европска фудбалска есен.