Поради големиот интерес за дерби натпреварот ФК Вардар – Шкендија од управата на ФК Вардар решија билетите за неделниот натпревар да ги пуштат во продажба од денеска, со цел да се избегнат поголеми гужви во недела. Набавете си сите билет, и дојдете да го бодриме ФК Вардар.
Соопштение од ФК Вардар:
Сите симпатизери и навивачи на нашиот клуб од утре (петок) ќе можат да купат билети на билетарницата на спортскиот центар „Јане Сандански“ која е со работно време од 10 до 18 часот. В сабота продажбата ќе се одвива на билетарницата на стадионот на еден шалтер со работно време од 10 до 16 часот. В недела на денот на натпреварот продажбата ќе се врши на четири шалтери на билетарницата на стадионот и ќе се продаваат од 10 до 15:45 часот.
Поради тоа што мечот е од висок ризик, потсетуваме дека билетите се продаваат исклучиво со документ за лична идентификација (лична карта). Исто така ФК Вардар ги повикува сите свои навивачи и симпатизери за фер и коректно навивање, за достоинствено однесување на трибините, со цел да се избегнат сите евентуални казни кои би следеле за неспортско однесување.