Ждрепката сакаше Вардар за противник во полуфиналето од лигата на шампиони, да го добие тимот на ЦСМ Букурешт. Дефинитивно се посакуваше овој пат да се избегне Будуќност, бидејќи губевме на два пати на последните завршни турнири, токму во тие полуфинални мечеви. Сега е поинаку, пред нас стои историска шанса да играме во големото финале од најголемото ракометно натпреварување. Сепак шефот на стручниот штаб, Индира Кастратовиќ повика на претпазливост, но не ја сокри “среќата“ од извлечениот противник.
-Секако дека секоја од нас размислуваше кој ќе биде противникот во ова полуфинале , ама мора да останеме со мирни глави, зашто бидејќи секој кој стигнал до завршниот турнир поседува квалитет. Ждрепката сакаше да ни падне Букурешт, со кој добро се познаваме, но и тие не познаваат нас. Сите ќе речете дека со Букурешт ќе биде лесно, но денес нема таков збор за било кој протиник. Мора да се подготвиме максимално за овој дуел. Не сакам да се дигнеме ни ние, ни девојките, ни клубот дека сме веќе во финале, треба полека чекор по чекор. Затоа ја замолувам целата јавност и вас новинарите уште сега да не не ставате во финале. Сепак ќе признаам дека сум среќна што не е Будуќност, или пак Ѓер, кој ја има предноста како организатор на завршниот турнир во Будимпешта, нагласи Кастратовиќ