Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > На Вардаровите навивачи им следуваат две и пол илјади билети за реваншот против Фенербахче
На Вардаровите навивачи им следуваат две и пол илјади билети за реваншот против Фенербахче

На Вардаровите навивачи им следуваат две и пол илјади билети за реваншот против Фенербахче

Во четврток со почеток од 19:30 часот на арената „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул се игра реванш натпреварот од плејофот на Лига Европа, помеѓу екипите на Фенербахче и Вардар. По првиот меч одигран во Скопје, црвено-црните имаат значителна предност од 2:0. За реваншот во Турција, на Вардаровите навивачи им следуваат околу две и пол илјади билети кои ги обезбедува домаќинот на овој возвратен натпревар.

Вардар е пред голема можност за прв во историјата на клубот и Македонскиот фудбал да обезбеди пласман во групната фаза од Европските натпреварувања, што ќе биде големо достигнување за нашиот шампион. Во наредниве денови се очекува информација колку Комити би патувале на реваншот во Истанбул, каде треба да го бодрат својот миленик и да му дадат ветер во грб на Вардар да го зачува водството од првиот меч во Скопје.