Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фенербахче е тим со најголем УЕФА коефициент кој бил совладан од еден македонски клуб
Фенербахче е тим со најголем УЕФА коефициент кој бил совладан од еден македонски клуб

Фенербахче е тим со најголем УЕФА коефициент кој бил совладан од еден македонски клуб

Фенербахче, 19 кратниот турнски шампион,  е екипа со најголем УЕФА коефициент кој бил совладан од еден македонски тим во официјален меѓународен натправар.  Со победата над Турскиот гигант во четвртокот, Вардар сруши еден рекорд на македонските претставници во Европа.

Нашите момци се надминаа и совладаа екипа која што има УЕФА коефициент од 51.840, што претставува екипа која со најголем коефициент била совладана од еден македонски тим. За илустрација гостите имаа речиси десет пати поголем коефициент од Вардар, кој изнесвува 5.125. Со овој триумф вардарци дополнително ќе го зголемат својот коефициент, а доколку успеат да влезат во групите ќе имаат уште плус 3.000.  Противник со кој сме се сретнале, а бил највисоко рангиран беше италјанска Рома, таа  имаше коефициент 72.000 кога играше против Вардар и не совлада во тогашниот Куп на УЕФА.