Тимот на Вардар денеска од 13-30 часот во Маџари ја пречекува екипата на Беласица. Тренерот на “црвено – црните” Александар Васоски, на овој дуел ќе може да смета на Кларенс Битанг кој по еден натпревар пауза поради жолти картони се враќа во првиот тим. Добра вест за Васоски е и тоа што Јуфо се опорави од повредата и е подготвен и за овој дуел.
Од друга страна и денеска во тимот ќе ги нема најдобриот стрелец Тигран Барсегјан и Максим Максимов.
Првиот натпревар сезонава на овие две екипи заврши нерешено 1:1, се надеваме дека овој пат Вардар ќе запише три бода на своето салдо.