Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. “2007“ забележа две нови победи и остана со максимален ефект во детската лига
ФК Вардар генер. “2007“ забележа две нови победи и остана со максимален ефект во детската лига

ФК Вардар генер. “2007“ забележа две нови победи и остана со максимален ефект во детската лига

 

Денес на терените на ФФМ се одигра ново коло во детската фудбалска лига. Генерацијата на ФК Вардар родени “2007„ година за противник ја имаа екипата на Њу Старс, над која забележавме две победи.

Најпрво на теренот излезе Вардар (1) кој за противник го имаше тимот на Њу Старс (1), црвено-црните беа убедливи и славеа победа со резултат од 12:0. Одличен натпревар одиграа избраниците на Чунга Лунга кои доминираа во сите аспекти на фудбалската игра, уште по првото полувреме имавме убедлива предност од 5:0. Голеадата на овој меч ја отвори најмладиот Александар Грашески кој му донесе водство на Вардар од 1:0. Постојано го напаѓавме противничкиот гол и создававме шанси за голови. Во листата на стрелци се запиша и Јулијан Битичи, кој му донесе водство на Вардар од 2:0. Во следниот период видовме два гола на еден ист играч, се работи за Стефан Младеновски со чии погодоци Вардар имаше водство од 4:0. До крајот на првиот дел проследивме и втор погодок на Грашески, со кој на одмор заминавме со убедлива предност од 5:0.

1

Доминиравме и во вториот дел и постигнувавме нови погодоци. Бргу дојде и и првиот гол во овој дел од натпреварот, а погоди Стефан Младеновски за хет-трик на овој дуел, откако најпрво биеше Милош Спасовски, голманот одбрани, но на одбиената топка наиде Младеновски кој ја смести во мрежата за водство од 6:0. Младеновски денес можеше да се прослави, со нов гол, но немаше овој пат среќа и ја погоди само пречката. Затоа Александар Грашески го запиша својот хет-трик на овој дуел, откако бие од голема далечина и погодува за 7:0. Следиме удар и на Младеновски кој завршува покрај голот.

2 3

Во листата на стрелци на овој дуел со многу голови успева да се запише и Злате Радески кој погоди во агол за предност од 8:0. Мичо Поповски беше блиску до гол, но играчот ја погоди пречката од голот на Њу Старс. Денес нашиот голман, Лука Јаневски немаше работа, бидејќи неговите соиграчи одлично го одработија овој натпревар. Со оглед дека во дефанзива игравме без Лука Атанасовски и Марко Киш, одлично делувавме во одбраната. Поради три направени корни на противникот судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор е Борјан Томовски, за негов прв гол денес, за водство од 9:0. Кога не можење Њу Старс да погоди во нашата мрежа си постигна гол во својата, со авто гол, Вардар поведе и со 10:0. До крајот на дуелот постигнавме уште два гола за убедлива победа. Филип Смилков додаде до Грашески, кој не греши и погодува за 11:0, додека прв гол денес постигна и Филип Смилков, кој ги постави конечните 12:0 на овој натпревар

Победа забележа и екипата на Вардар (2) која го совлада тимот на Њу Старс (2) со резултат од 3:1. Уште во првата минута од мечот, Јулијан Битичи се погрижи за предност на Вардар од 1:0. Прв директен удар и кон нашиот гол, но Јовица Спасовски не дозволи да биде совладан и со одлична интервенција го спаси својот гол. Вардар имаше иницијатива, а обиди имаа Блажевски и Битичи, но одбрани голманот на Њу Старс. Обид имаше и Лука Рајчин, но безопасно. Вардар направи три корни, па судијата покажа на белата точка, Њу Старс реализира и израмнува на 1:1.

5

Сепак до крајот на првото полувреме, Вардар успева да поведе со 2:1, со голот на Никола Јовановски. Во вториот дел не видовме многу прилики за голови. Лебариќ шутираше над голот, како и Јовановски над голот на Њу Старс. Се обиде и Блажевски, но топката оди покрај голот, додека конечните 3:1 на мечот ги постави Лука Рајчин. Во второто полувреме на голот беше Даниел Исајловски, кој ја зачува својата мрежа незатресена.

Мора да се напомене дека вардаровата генер. “2007„ и после ова коло остана со стопроцентен ефект во детската лига, со двете свои екипи.