Камерунецот во дресот на Вардар, Кларенс Битанг, паузата поради репрезентативните настапи ја искористи да отпатува на неколку денови надвор од нашата држава.
За време на патувањето нашиот играч имаше интересна средба. Се сретна и фотографираше со еден од најдобрите фудбалери од Африка, некогашниот играч на Арсенал, Реал Мадрид и Манчестер Сити, Емануел Адебајор.