Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > “Мистер гол“ Саит Битиќи е најголемото изненадување и откритие за пионерите на ФК Вардар

“Мистер гол“ Саит Битиќи е најголемото изненадување и откритие за пионерите на ФК Вардар

vardarfans-1923

Напаѓачот за пионерите на фудбалскиот клуб Вардар, Саит Битиќи е вистинско откритие во пролетниот дел од сезоната. Ова надежно момче кое премина во црвено-црниот дрес од екипата на  Арена Спорт Келн, пристигна пред почетокот на вториот дел од натпреварувачката сезона. Со него екипата преводена од Сашо Тодоровски доби на брзина и продор, но она што е најважно е неговата ефикасност и голгетерски способности. Истотака  Саит е и одличен асистент, кој често ги разигрува својте соиграчи со одлични асистенции во фазата на напад.

Битиќи целосно ја оправда довербата од стручниот штаб да биде стартер, постигнувајќи голови за Вардар на пет последователни првенствени натпревари. Дебитантскиот гол во лигата го имаше во првото пролетно коло против екипата на Работнички, кога за жал го загубивме овој меч кој беше и единстен пораз за нашите пионери до овој период. Веќе во следното коло се запиша во листата на стрелци и на гостувањето во Прилеп,  во триумфот над Победа. Заедно со Марко Ѓорѓиевски донесоа три бода и на дербито во Битола, против тимот на Пелистер, а два гола му даде и на Еуромилк во рамките на 15 првенствено коло.Можеби најважниот погодок во дресот на Вардар го постигна минатиот викенд, кога со неговиот единствен гол бевме подобри во дуелот со директниот конкурент за титулата. Во Тетово Вардар им нанесе пораз на Шкендија, а најзаслужен за тоа беше Битиќи. Успешната серија продолжи и на вчерашниот реванш од полуфиналето на купот, кој неговата екипа го доби со убедливи 0:4 и на тој начин се пласираше во големото финале. Саит беше стрелец на вториот погодок, со кој се замина на полувреме. Единствено не успеаа да се запише во листата на стрелци на оној прв полуфинален куп меч во Марино, кога дуелот заврши со резултат 0:0.

Неговите добри игри во дресот на Вардар, беа препознаени и од селекторот Добринко Илиевски кој го повика во составот на Македонската репрезентација до 16 години ,на меморијалниот фудбалски турнир „Јосип Каталински – Шкија“ кој се одржува во Зеница и Сараево. Се надеаме дека ќе продолжи да ги тресе противничките мрежи, а неговите голови да донесат двојна титула за пионерите на ФК Вардар.