Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Благодарници за Грозданоски и Љамчевски, за нивниот придонес во дресот на Вардар

Благодарници за Грозданоски и Љамчевски, за нивниот придонес во дресот на Вардар

Денес фудбалскиот клуб Вардар го одигра последниот натпревар за сезоната 2016/17. Црвено-црните на убедлив начин ја одбранија првенствената титула, која е вупно 11-та во историјата на клубот. Денес на стадионот во Ѓорче, го одигравме последното коло против екипата на Силекс, дуел кој заврши без голови. Воедно овој натпревар беше последен за двајца играчи на нашиот фудбалски шампион. Се работи за легендата, Влатко Грозданоски кој има има 144 настапи во црвено-црниот дрес, како и Благоја Љамчески кој мина три години во редовите на Вардар. И двајцата освоија по три трофеи со екипата на Вардар. Клубот им се заблагодари за нивниот придонес за екипата и им посака се најдобро понатаму во нивниот живот.

vardarfans-kalinski

Исто така благодарница доби и уште една легенда, но новинарска. Се работи за Златко Калински кој замина во пензија, после 42 години новинарска работа, со што доби дрес со истиов број. Истата му беше доделена од страна на претседателот на Вардар, Мирко Спасески.