Во недела ФК Вардар го има премиерниот меч во Македонскиот фудбалски шампионат . На таа тема за очекувањата и подготвеноста на тимот после долгите подготовки во Анталија разговараме со членот на Црвено- Црните Благоја Љамчевски .
Во Анталија имавме квалитетни подготовки од речиси еден месец . Игравме со квалитетни противници голем број тест мечеви со силни и добро организирани тимови каде видовме дека може да победуваме . После три месеци заради повредата на грбот почнав да работам со полн интензитет и полека влегувам во посакуваниот ритам. Навистина во Турција имавме прекрасни подготовки тимот е целосно подготвен за предизвиците во вториот дел од сезоната .
Љамчевски ги кажа очекувањата за мечот од 18-то коло од Првата МФЛ со трикратниот Шампион на Македонија Силекс .
Мечот со Кратовски Силекс ќе биде прв официјален меч по подолго време и ние како и на секој меч во Првата лига ќе играме да ги освоиме 3те бода . Сакаме да покажеме квалитетна и допадлива игра и да ги израдуваме нашите подржувачи со победа во Кратово .
За крај побаравме мислење од нашиот фудбалер за неговите видувања за освојување на трофејот во Македонската лига оваа сезона .
Нашата цел е јасна за оваа натпреварувачка сезона да ја вратиме титулата во Македонија повторно во нашите витрини . Се освен тоа ќе е неуспех за сите нас како екипа -Изјави Благоја Љамчевски за нашиот веб-сајт ВардарФанс.мк
Михајло Тушевски