Пионерите на Фк Вардар одиграа уште еден пријателски натпревар, како подготовка за она што ги очекува во пролетниот дел од сезоната. Противник им беше екипата на Борец, на кој црвено-црните забележаа убедлива победа со 6:0. Стрелци на головите беа капитенот Дејан Маркоски(2), Дамјан Менкиноски, Андреј Скендерски, Андреј Кировски и Стефан Петрески.
-Одигравме еден добар натпревар. Создадовме многу шанси за гол, од кои постигнавме дури шест. Имавме добар посед на топка. Игравме максимално, и го контролиравме целиот меч. Подготовките течат добро. Подготвени сме и физички и психички за успешен старт во вториот дел од сезоната. Ќе дадеме се од себе да оствариме одлични резултати, ни изјави Дамјан Менкиноски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски