Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Ѓорѓи Малов: Се подготвуваме за полуфиналниот натпревар во купот против Шкупи.
Ѓорѓи Малов: Се подготвуваме за полуфиналниот натпревар во купот против Шкупи.

Ѓорѓи Малов: Се подготвуваме за полуфиналниот натпревар во купот против Шкупи.

Нема одмор за избраниците на Петар Ѓоргиевски, кој вчера одиграа нов пријателски натпревар против екипата на Македонија Ѓ.П. Мечот заврши со нерешен резултат 1:1. Повторно стрелец за младинците на Вардар, беше Ѓорѓи Малов кој влегува во одлична голгетерска форма. Малов успешно ги користи минутите на теренот кој му ги дава тренерот ,по отсуство на тандемот Петковски-Аломеровиќ, кои беа со репрезентацијата на подготовки.

-Екипата на Македонија Ѓ.П. почна многу напаѓачки уште од почетокот, и во првите 15 минути успеаа да постигнат гол. Примениот погодок не мотивира да заиграме многу подобро. Во второто полувреме бевме многу поарганизирани и имавме многу шанси. Вистински ја искористив шансата од тренерот да влезам во игра во вториот дел, па со мојот погодок на самиот старт на второто полувреме го израмнивме резултатот, кој беше и конечен.

Младинците на Фк Вардар продолжуваат со подготовките, пред важниот меч во 1/2 на купот против Шкупи.

-Овие пријателски натпревари ни значат многу, за да влеземе во добра форма пред дуелот со Шкупи, за кој напорно се подготвуваме цела екипа, ни изјави Ѓорѓи Малов за нашиот сајт.

Во недела, ги очекува нов пријателски меч, против првата екипа на Маџари. Овој дуел ќе се одигра во недела со почеток од 11:00 на теренот во марино.

Звонко Ивановски