Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ЕКСКЛУЗИВНО! За Вардарфанс играчот на Висла- Милјан Пушица : Не го сакавме РК Вардар за противник во ЛШ
ЕКСКЛУЗИВНО! За Вардарфанс играчот на Висла- Милјан Пушица : Не го сакавме РК Вардар за противник во ЛШ

ЕКСКЛУЗИВНО! За Вардарфанс играчот на Висла- Милјан Пушица : Не го сакавме РК Вардар за противник во ЛШ

РК Вардар го доби најмалку посакуваниот од трите можни противници во Лигата на Шампионите тимот на Висла . За нашите фанови есклузивно  играчот на Висла Милјан Пушица ги споделува својте очекувања , размислувања за дуелот со Црвено -Црните .Во нивната сала годинава “паднаа “ и големата Барселона со нашиот Кире Лазаров и актуелниот Шампион во Европа Бундес Лигашот Фленсбург .

- Натпреварите со Фленсбург и Барселона ги одигравме многу добро еднакво добро во нападот и одбраната . Искрено се надевам на уште едно изненадување со Вардар , но напоменувам дека ќе биде исклучително многу тешко .

Го добија нашиот РК Вардар кој е во феноменална форма Пушица го сподели своето мислење за овој противник во 1/8 финалето во Лигата на Шампионите .

- Никако не го сакавме за противник квалитетниот РК Вардар . Сепак ако сакаме да направиме нешто повеќе сезонава во Лигата на Шампионите ќе мораме да победиме големи Европски тимови . Најголема опасност сметам дека за нас доаѓа од Штербик и Карачиќ  , но исто така во одбраната се одлични и Алем Тоскиќ и Илија Абутовиќ .

Вардар ги има својте Комити , но и Висла има своја верна навивачка публика го запрашавме како ќе влиае пеколната атмосфера на двобојот .

- Двете навивачки групи се Фантастични по мене заедно со навивачите на Веспрем се најдобри три навивачки групи во ракометна Европа . Очекувам да имат големо влијание и помош на двата тима особено на домашните мечеви . – Изјави за фановите на Вардарфанс играчот на нашиот противник во 1/8 Финалето Милјан Пушица .

 

Михајло Тушевски