Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Повторно одложено е дербито на кугларите на Вардар со Макпетрол
Повторно одложено е дербито на кугларите на Вардар со Макпетрол
Тимот на Вардар (Куглање)

Повторно одложено е дербито на кугларите на Вардар со Макпетрол

Почетокот на пролетниот дел од Македонска кугларска лига е на два пати одложуван од првичниот распоред, така да моменталниот нов датум за официјален почеток е 07.03.2015.

Бојан Влаќевски

Бојан Влаќевски

Причината за ова одложување на првото коло од пролетниот дел од кугларската сезона е спорот кој што го има (создаде) КК Макпетрол со негови два поранешни играчи ,на кои им беше попречен трансфер во други екипи и беа држени надвор од куглањето во последните 6 месеци. Се работи за двајца многу значајни и квалитетни млади играчи ,актуелни и поранешни репрезентативци и носители на многу медали – Димитар Димов (трансфер во КК ГТЦ) и Бојан Влаќевски (трансфер во КК Вардар 2014). Поради оваа блокада на овие двајца куглари , сите активни играчи создадоа иницијативен одбор за основање здружение за заштита на правата на кугларите и им дадоа максимална поддршка на засегнатите куглари преку бојкот на првото коло од МКЛ. Таквата поддршка доведе до брзо и успешно решение за спорот на Димитар Димов и тој од скоро е нов член на КК ГТЦ.

Останува уште да се реши спорот за Бојан Влаќевски кој ќе претставува огромно засилување за КК Вардар 2014 и мотив на овој клуб за остварување високи дострели. Се очекува овој спор да биде завршен во текот на наредната седмица, по што кугларската сезона би продолжила да тече непречено, согласно новопредложениот датум.