Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Милан Благојевиќ: Мечот со Македонија Ѓ.П беше еден од потешките натпревари за мене и мојата екипа
Милан Благојевиќ: Мечот со Македонија Ѓ.П беше еден од потешките натпревари за мене и мојата екипа

Милан Благојевиќ: Мечот со Македонија Ѓ.П беше еден од потешките натпревари за мене и мојата екипа

Многу важна победа за кадетите на фудбалскиот клуб Вардар, во рамките на деветтото коло од првенството на младинските фудбалски категории. Избраниците на Влатко Колев успеаа на теренот на противникот да го победат еден од конкурентите за титулата, а тоа е екипата на Македонија Ѓ.П која пред ова коло беше лидер на табелата. Вардарци славеа со резултат 1:2 и тоа со двата гола на напаѓачот, Милан Благојевиќ кој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од победата во Ѓорче.

-Мечот со Македонија Ѓорче Петров беше еден од потешките натпревари за мене и мојата екипа. Задоволен сум од големата мотивираност и борбеност на моите соиграчи .До последна минута дадовме се од себе. Играм за својата екипа и секој мој гол е посветен на моите соиграчи. Задоволен сум и од моите последни два настапа. Како и секоја година ќе се бориме за двојната круна и мислам дека имаме големи шанси за да го оствариме тоа.

Звонко Ивановски