УЕФА го одреди судијата за дуелот кој ќе се игра на „Аноета“ во Сан Себастијан во четврток, 1-ви ноември со почеток од 21,05 часот. ФК Вардар во рамки на натпревар од 4.коло во Л групата од Европа Лигата гостува кај шпанскиот тим Реал Сосиедад.
Европската куќа на фудбалот одлучи 44 годишниот австриски арбитар Роберт Шоргенхофер да биде главен делител на правдата на мечот помеѓу Реал Сосиедад и Вардар.