Стигна и официјална потврда од ФК Вардар, крилниот играч Дејан Блажевски го продолжи договорот со шампионот на Македонија до јуни 2018 година.
„Вардар ми понуди нов договор, и прифатив да останам. Вардар е мој клуб, тука ја почнав мојата кариера, и среќен сум што останувам во мојот тим. Договорот е до крајот на сезоната, и посакувам уште многу настапи и уште многу голови во дресот на Вардар, и сигурно се надевам на уште една шампионска титула и на освојување на Купот на Македонија“, изјави Блажевски.
Блажевски во дресот на Вардар досега има одиграно 96 натпревари и се очекува за краток временски период да влезе во “клубот 100″.
Следен кој ќе го продолжи договорот со Вардар ќе биде Дарко Велковски.