Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фелипе “прва виолина“ на Вардар, есенва ги одигра сите 33 меча
Фелипе  “прва виолина“ на Вардар, есенва ги одигра сите 33 меча

Фелипе “прва виолина“ на Вардар, есенва ги одигра сите 33 меча

Вардар оваа есен одигра рекорден број официјални натпревари, дури 33 меча. Низ европскиот поход впишавме 12 дуели, бројка која е навистина голема за македонски фудбалски колектив.  Заеднички “содржател“ на оваа бурна фудбалска есен е бразилецот Хуан Фелипе Алвес.

Дефинитивно станува збор за најстандарниот играч во дресот на Вардар во изминатата есен, тој беше  дел од стартниот состав на сите 33 меча во сите натпреварувања во дресот на Вардар. Тој исто така оваа есен влезе и во “клубот 100“, кога го впиша 100 натпревар за вардарци.

Незаменливиот бразилец во Европа ги одигра сите минути, во првенството пропушти само 12 минути кога беше заменет, а во Купот во трите меча против Локомотива и против Шкупи, не играше само во второто полувреме на дуелот со Локомотива. Поточно од 2.970 минути (активен фудбал без продолжетоци) тој одигра 2.913 од нив. Хуан Фелипе оваа есен беше стрелец на вкупно осум гола, од кои еден во Лигата на Европа против Розенборг, и дури седум во првенствените натпревари.