Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар ќе учестуваат на “Трофеј Белград“, силен турнир на кој лани беа “бронзени“ , познати се и патничките кои ќе заминат за Србија
Кадетките на Вардар ќе учестуваат на “Трофеј Белград“, силен турнир на кој лани беа “бронзени“ , познати се и патничките кои ќе заминат за Србија

Кадетките на Вардар ќе учестуваат на “Трофеј Белград“, силен турнир на кој лани беа “бронзени“ , познати се и патничките кои ќе заминат за Србија

 Mладите девојки од кадетската селекција на ЖРК Вардар, на крајот од месецов, поточно во период од 27-ми до 29-ти декември ќе бидат дел од силен меѓународен турнир. Турнирот ќе се игра во главниот град на нашиот северен сосед, Белград. На турнирот “Трофеј Белград-2017“  екипата ќе ја предводи нивниот тренер Драгана Пецевска. Минатата година  тие како пионери   направија голем успех на силниот меѓународен турнир во Белград. Годинава овие млади дами играат во кадетска конкуренција, тие на полусезона во македонската кадетска лига се “есенски прваци“ со 16 бода по шестте есенски кола.

pece

Лани избраничките на Драгана  Пецевска од истиот турнир, со бронзен медал се вратија од Србија, освојувајќи го третото место. За “влакно“ им избега пласманот во големото финале, откако во полуфиналето за само еден погодок беа поразени од домашната екипа на Белград. Претходно во групната фаза, нашите млади надежи забележаа три победи од исто толку одиграни мечеви. Оваа генерација пред десетина дена настапуваше на силен меѓународен турнир и во Хрватска, во  Метковиќ каде исто така се вратија со “бронза„.  Станува збор за тим во кој владее “хемија“, одлична укомпонираност  на играчите од страна на тренерот што дава резултати. Педагошкиот пристап на Пецевска и поврзансота со нејзините девојки создаде одличен тим. Па така тие во мак.ракометот лани беа единствена ракометна вардарова екипа која дојде до пехар.

kadetki

Списокот на девојки кои ќе заминат за Србија е следен:

  1.  Joвана Трајковска
  2.  Симона Грујовска
  3. Ивана Станчева
  4.  Сара Миновска
  5.  Стефанија Ѓорѓиовска
  6. Андреа Седлоска
  7. Анамарија Коларовска
  8. Стефанија Сoфтовска 
  9. Анѓела Костовиќ
  10. Ангела Гроздановска
  11. Марија Галевска
  12. Мирјана Петковска
  13.  Ива Јаковчевска
  14. Јана Арсовска
  15.  Ивана Џатевска
  16. Магдалена Насковска

Тренер: Драгана Пецевска