Најдобриот стрелец на РК Вардар доживеал собраќајна несреќа, пренесуваат црногорските медиуми. Вардаровиот “бомбардер“, Вуко Борозан најверојатно ќе го пропушти Европското првенство во Хрватска, но и дел од продолжението на ЕХФ Лигата на шампионите.
Како што се вели во нивните извештаи, левиот бек на црвено-црните ќе мора да паузира најмалку два месеци од терените, поради повредите здобиени при сообраќајната несреќа. Несреќата се случила кај Цетиње, каде Вуко излетал од патот поради замрзнување пишува “handball.me”. Тој и покрај несреќата сепак е добро, нема посериозни повреди, единствен проблем се јавува кај бутниот мускул на ногата. Сепак точни проценки за сериозноста и времето потребно за лекување на повредата се очекува деновиве.