Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Познати термините за 1/4 дуел во фудбалскиот куп, помеѓу Вардар и Шкендија
Познати термините за 1/4 дуел во фудбалскиот куп, помеѓу Вардар и Шкендија

Познати термините за 1/4 дуел во фудбалскиот куп, помеѓу Вардар и Шкендија

Веќе се познати термините на одигрување натпревари, во рамките на четврфиналето од купот на Македонија, помеѓу фудбалските екипи на Вардар и Шкендија. Вардар е домаќин на првиот дуел од оваа елиминациска рунда, кој е закажан за на 21-ви февруари на арената “Филип Втори“, додека ревашот е закажан да се одигра во Тетово, на 7-ми март.

Помеѓу овие две екипи ќе се бара последниот патник во полуфиналето на ова натпреварување, а веќе таму се пласираа актуелниот освојувач на купот, екипата на Пелистер, како и Ренова и Академија Пандев. Поради обврските во Лигата на Европа, Вардар многу подоцна го играше осминафиналниот двомеч против екипата на Шкупи, па затоа дуелите со Шкендија ќе се одиграат во пролетниот дел од сезоната.