Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Познати групите на ракометниот младински турнир во организација на РК Илинден-Вардар, како и термините на одигрување натпревари
Познати групите на ракометниот младински турнир во организација на РК Илинден-Вардар, како и термините на одигрување натпревари

Познати групите на ракометниот младински турнир во организација на РК Илинден-Вардар, како и термините на одигрување натпревари

Претстојниов викенд на 23 и 24-ти декември во спортската сала “Гоце Делчев“ во населбата Илинден ќе се одигра младински ракометен турнир кој е во организација на ракометната школа Илинден-Вардар, која е дел од академијата на Вардар и од нивниот проект наречен “Јуниор“ лига.

На турнирот учество ќе земат седум ракометни школи, кои ќе се натпреваруваат во три различни возрасни категории и тоа родени 2004/05, 2006/07 и најмалите кои ќе се натпреваруваат во мини ракомет, генерација родени 2008 и помали дечиња. Покрај домаќинот РК Илинден – Вардар, учество ќе земат и Балтепе-Вардар (Тетово), Карпош-Вардар ( Куманово), Бисинов-Вардар ( Велес), РК Аеродром, РК Шампион-Вардар и РК Урдаревски-Вардар од Скопје.

Веќе се познати и групите во кои ќе се натпреваруваат екипите, како и термините на одигрување натпревари во двата дена, кои ви ги претставуваме во продолжение:

25530201_10213199922506008_1594819300_n 25589862_10213199924906068_1856616881_n 25627475_10213199924186050_1952486770_n