Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Андреа Лекиќ: Би сакала мојата кариера во Вардар да ја крунисам со титула во Лигата на шампионите
Андреа Лекиќ: Би сакала мојата кариера во Вардар да ја крунисам со титула во Лигата на шампионите

Андреа Лекиќ: Би сакала мојата кариера во Вардар да ја крунисам со титула во Лигата на шампионите

Српската репрезентативка, Андреа Лекиќ ја игра својата петта сезона во црвено-црниот дрес и се надева дека кариерата во Вардар ќе ја круниса со Европска титула. Во интервју за “Спорт клуб“ Андреа говори за нејзините планови во Вардар истакнувајќи дека има договор со клубот на уште една сезона.

-Имам договор со Вардар уште година дена, засега се оди само онака како што можам да посакам. Би сакала мојата кариера во Вардар да ја крунисам со титула во Лигата на шампионите. Иста е желбата и кај моите соиграчи.

Андреа вели дека и оваа сезона ќе биде тешко да се стигне до трофејот во најголемото натпреварување, со оглед дека конкуренцијата е голема и дека неколку екипи осетно се засилија оваа сезона.

-Нас секоја година цел ни е титулата во Лигата на шампионите. Минатата година несреќно го загубивме трофејот, а оваа сезона ќе биде потешка затоа што останатите ривали се засилија и го подигнаа нивото. Секако, ист е случајот и со нас, но не можам да дадам никаква прогноза затоа што мечевите се играат во два дена на Ф4. Покрај нас, Букурешт, Ростов и Ѓер имаат екипи со феноменален состав. Ќе биде предизвик да се освои Лигата на шампионите оваа година.