Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на ФК Вардар се есенски вицешампиони, Благојевиќ е нивни најдобар стрелец
Кадетите на ФК Вардар се есенски вицешампиони, Благојевиќ е нивни најдобар стрелец

Кадетите на ФК Вардар се есенски вицешампиони, Благојевиќ е нивни најдобар стрелец

 Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар како втори го завршија есенскиот дел од сезоната. Избраниците на Влатко Колев на 14 одиграни натпревари остварија девет победи, три нерешени резултати и два порази. Оваа генерација можеби ќе беше и лидер на табелата, по одигрување на првиот круг, доколку немаше лош старт по првите пет одиграни кола, кога и ги доживеа единствените два порази во овој дел од сезоната, против екипите на Работнички и Шкупи. Имавме и убедливи победи, како оние против Милано и Пелистер кои беа блиску да бидат изразени и со двоцифрена разлика. Во последните седум кола одлично играа “пулените“ на Колев, забележувајќи дури шест победи и само еден нерешен резултат. Кадетите на Вардар го имаат најдобриот напад во лигата со 36 постигнати голови и втора најдобра одбрана, со само 9 примени погодоци во својата мрежа. Може да се каже дека ова беше добра полусезона за оваа генерација, која останува во борбата за титулата и во пролетниот дел.

vardarfans-kolev

Ова се сите остварени резултати на кадетите во есенскиот дел:

1 коло: Вардар – Ренова  2:1

2 коло: Вардар – Работнички  1:2

3 коло: Шкендија – Вардар  1:1

4 коло: Вардар – А. Пандев  1:0

5 коло: Шкупи - Вардар  1:0

6 коло: Вардар – Пелистер  9:1

7 коло: Победа – Вардар  1:1

8 коло: Вардар – Милано  9:0

9 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар  1:2

10 коло: Ренова - Вардар  0:3

11 коло: Работнички - Вардар  0:0

12 коло: Вардар – Шкендија  1:0

13 коло: А.Пандев – Вардар  0:3

14 коло: Вардар – Шкупи  4:1

Кадетите ги завршија настапите во националниот куп за оваа сезона. Во четврфиналето нашите надежи беа елиминирани од екипата на Шкендија.

1/8 куп: Вардар - Милано  6:0

1/4 куп: Шкендија - Вардар  2:1

1/4 куп: Вардар – Шкендија  2:2

Милан Благојевиќ е најдбриот стрелец во оваа генерација, кој има постигнато 11 голови во есенскиот дел. Вака изледа листата на стрелци кај кадетите ( во двете натпреварувања), по одигрување на првиот круг на натпреварување:

vardarfans-najoobri-strelci

vardarfans-ibisi

1. Милан Благојевиќ  11

2. Џемал Ибиши  8

3.Кренарт Дарлишта  4

4. Бојан Димоски  3

5. Фитор Реџепи, Марио Младеновски, Филип Андоновски, Али Адем, Александар Ѓорѓиески, Малик Хасановиќ по 2 постигнати голови.

6. Христијан Петковски, Мартин Филипоски, Стефан Наумчески, Анел Калчиноски, Виктор Пешевски и Давид Ристовски по 1 гол.

Врвот на табелата е достижен за Вардаровите кадети, кои имаат само четири бода помалку од лидерот, екипата на Шкендија. Вака изгледа табелата во оваа возрасна категорија:

1. Шкендија  34

2. Вардар  30

3. Шкупи 27

4. Академија Пандев   24

5. Работнички  23

6. Македонија Ѓ.П  23

7. Пелистер  16

8. Победа  14

9. Ренова  9

10. Милано  3