Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Блажевски го реши Металург, во среда може да ја обезбедиме титулата

Блажевски го реши Металург, во среда може да ја обезбедиме титулата

Црвено-црните успеаа да забележат победа на денешниот натпревар , против екипата на Металург. Вардар ја имаше иницијативата во поголем дел од дуелот и на крај сосема заслужено ги освои трите бодови. Двата гола ги постигна Дејан Блажевски.

Уште по само неполна минута игра, Блажевски го најави триумфот кога со еден одличен лоб-удар од околу 25 метри го матираше противничкиот чувар на мрежата. Дефинитивно напаѓачот на црвено-црните беше играч на мечот. Вардарци продолжија да го контролираат натпреварот и да напаѓаат. За одбележување е 20 минута, кога стрелецот на голот шутираше овој пат само покрај дирекот на голот. Одлична можност да зголемиме на 2:0 имаше стоперот Бојовиќ, кога при еден изведен корнер со глава ја погоди пречката на противникот. На пет минути пред крајот на првото полувреме, по една одлична акција, Блажевски успеа да го помине голманот на Металург и да упати удар, но Крстев во последни моменти спречува погодок. Нашите стопери Бојовиќ и Грнчаров пред крајот на полувремето, двајцата заработија жолти картони.

Во вториот дел, ништо позачајно не се случуваше се до постигнувањето на вториот погодок на Блажевски. Овој пат од удар од белата точка, за зголемување на предноста од 2:0. Две замени беа направени во нашите редови до 70 минута. Филип Петров и Артур Мирјанан влегоа на местата на Дашјан и Петар Петковски. Металург до крајот на дуелот останува со играч помалку, откако нивниот голман Талески заработи директен црвен картон. Интересна ситуација се случи, кога поради извршените сите три измени кај Металург до тој момент, Миле Крстев беше принуден да застане на голот на својот тим. Андреев направи уште една измена, на местото на Љамчевски во игра влезе Ф.Петковски. Ништо позначајно не се случи до крајот на дуелот. Натпреварот заврши со конечни 2:0. По ова коло, останува иста разликата помеѓу Вардар и Работнички, кои веќе во среда повторно играат меѓусебен дуел.

За Вардар на овој меч настапија : Пачовски, Попов, Бојовиќ, Грнчаров, Грозданоски, Глигоров, Спировски, П. Петковски /од 70минута Мирјанан/, Дашјан/од 45минута Петров /, Љамчевски/од 81мин Филип Петковски/ Блажевски.