Ретко кој млад фудбалер во светот може да се пофали со импресивни бројки на погодоци, како што го има младиот 14-годишен напаѓач на црвено-црните помлади пионери. Марко е убедливо најефикасен голгетер не само во својата, туку и без конкуренција во сите младински категории на Фк Вардар, кои се натпреваруваат во националното првенство и купот. Есенскиот дел од сезоната го заврши со вкупно 16 постигнати голови, од кои 11 беа првенствени и 5 во купот на Македонија. Во подготвителниот период не пропушти меч да се запише во листата на стрелци, каде во просек погодуваше по два пати.
Овој голем талент зад кој престои дефинитивно блескава иднина и кариера, продолжи со уште посилно темпо на работа и игра. Во вториот дел од сезоната, Ѓоргиевски без респект ги тресе мрежите на противниците. Веќе запиша и додаде плус седум погодоци на неговото конто, па со оние 16 од првиот дел, има вкупно 23 постигнати голови. На пет првенствени и еден куп натпревар, името на Марко стоеше во листата на стрелци. Неговата серија е феноменална која ја демонстрира на убедлив начин. Веќе споменавме во пролетниот дел, на секој меч постигнува во просек по еден погодок. Ова се бројки и достигнувања, со кои ретко било кој фудбалер на негова возраст може да се пофали.
Треба да се обрне големо внимание на овој класен играч, пред се од клубот каде сега настапува, а потоа и од самата Македонска фудбалска федерација. Не смее никако да се дозволи да се испушти ваков голем талент, кој во иднина може да биде моторот на Вардар и Македонската репрезентација. Се надеваме дека до крајот на сезоната, “златната деветка“ со своите погодоци ќе им донесе двојна титула на својата генерација.
Звонко Ивановски