Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Порака од навивач на Вардар кон управата на клубот

Порака од навивач на Вардар кон управата на клубот

Порака до управата на Фк Вардар вчера упати еден искрен навивач на Вардар. Порака е од збор до збор на место, дали конечно ќе допре оваа порака до нашата управа ќе видиме, некако стариот сјај на јужната трибина исцезна за миг..

Пораката од искрен навивач на Вардар, кон управата на клубот:

Утре ќе биде убаво времето, во парк ќе врие народ. Пуштете ги тие хостесите што ви шетаат во сала нека поделат некој гратис. Покрај север поминуваат многу помалку луѓе отколку пред јужна, но вас тоа не ве засега или можеби не ви текнало дека со отварање на јужна ќе привлечете публика. Но ете и вака, поставете штанд на фонтана, на школка или каде било низ парк сигурно ќе привлечете публика. Децата се учат од мали нозе, ако не го засакаат Вардар сега, тешко дека кога ќе пораснат ќе бидат заинтересирани. НАПРЕД ВАРДАР!