Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Три победи и еден пораз за категориите на Фк Вардар, во 16 коло од првенството

Три победи и еден пораз за категориите на Фк Вардар, во 16 коло од првенството

Успешно коло имаа младите генерации на Фк Вардар, во рамките на 16 првенствено коло. Противник на сите наши категории, беше екипата на Академија Пандев од Струмица. Освен пионерите кои беа поразени, сите останата забележаа победи.

-Помладите пионери на тешкото гостување во Струмица, на крајот успеаа да остварат триумф со резултат 2:3. По првото полувреме беше 1:1. Голема борба на теренот, која на крај им припадна на црвено-црните. Стрелци беа Марко Ѓоргиевски, Кренарт Дардиша и Мартин Филипоски. Оваа генерација до самиот крај ќе се бори за титулата во лигата.

-Пионерите и после пет пролетни натпревари се сеуште без победа. Три нерешени дуела и два порази имаат во вториот дел од сезоната. Овој пат настрадаа од А.Пандев со резултат 3:0.

-Кадетите забележаа нова голема победа во првенството, која се повеќе ги доближува кон главната цел. Со надмоќност во текот на целиот меч, беа поуспешни со резултат 4:0. Ердон Даци погоди два пати, по еднаш Виктор Димков и Теодор Димитровски.

-Конечно и младинците ја прекинаа лошата серија од без победа во пролетниот дел. Со пресврт за само неколку минути ја совладаа екипата на А.пандев со 2:1. Творец на пресвртот беше Филип Стојановски, кој ги постигна двата гола.

Во 17 коло, противник на сите генерации е екипата на Ренова.

Фото:ТК Медиа