Многу важна победа за кадетите на Фк Вардар во првенството. Со високи 4:0 е совладана екипата на А.Пандев на домашен терен. Со овој триумф, оваа генерација се врати на победите, откако во минатото коло го доживеа првиот неуспех оваа сезона. До одигрување на мечот на Металург, во недела сега предноста изнесува 9 бода, во корист на црвено-црните. Стрелци на головите за Вардар беа: Ердон Даци(2), Виктор Димков и Теодор Димитровски.
-Многу се спремавме за овој натпревар. Работевме на исправање на грешките кои ги правевме со Металург.Ова е значајна победа за нас, значајни 3 бода,со кои полека ја обезбедуваме титулата . Цела утакмица бевме надмоќни од противникот, остануваат уште седум натпревари до крајот на сезоната.Ако продолжиме во вакво темпо , наша е титулата, изјави Виктор Димков за Вардарфанс.
Звонко Ивановски
Фото: ТК Медиа