Комити излегоа со информации за мечот во недела со тимот на Металург и со информација дека ќе продолжат собирањето донации и најавија нови активности за помагање на својот член Штракало .
Во недела започнува последниот круг од лигата. Повторно играме на домашен терен. Овојпат против Металург. Важен натпревар за нас бидејќи со победа на овој натпревар, веќе во наредното коло против Работнички може да ја осигураме титулата. Но, да одиме чекор по чекор. Да ги освоиме трите бода од овој натпревар, а потоа ќе размислуваме за натпреварот против Работнички.
Натпреварот е во недела во 18.00ч, доволно време за да се одмори по првомајските празници и нормално нова шанса ДА СЕ ЗЕЗАМЕ.
Затоа СИТЕ НА ЗАПАД!!!
Собирот е во 16.00ч на Фонтана. Карта 50 денари со членска и 100 денари без членска.
- Како на предходниот така и на овој натпревар ќе има кутија за донации за лекување на Штракало.
- Набрзо ќе биде организиран и турнир во мал фудбал, а собраните средства исто така ќе бидат наменети за лекувањето.
Затоа соберете ја екипата и бидете подготвени за тоа што следува.
ЗА ВАРДАР,ЗА СКОПЈЕ, ЗА ШТРАКАЛО!!!