Младинската ракометна репрезентација после успешните квалификации во Скопје, каде успеаа да забележат три победи и да го освојат првото место, ќе бидат сместени во вториот шешир за ждрепката која ќе се одржи на 5 мај. Да потсетиме дека во Кале, ги победивме Исланд, Холандија и Црна Гора и на убедлив начин се пласиравме на Европското првенство во градот Валенсија(Шпанија). Македонската репрезентација е заедно во вториот барабан со селекциите на Романија, Норвешка и Хрватска. Ракометарки од Вардар доминираат во оваа млада репрезентација, дури десет играчи на црвено-црните настапија на квалификацискиот турнир во С.Р.Ц. Кале.
Барабан 1: Шведска, Русија, Данска, Португалија
Барабан 2: Македонија, Романија, Норвешка, Хрватска
Барабан 3: Унгарија, Германија, Шпанија, Црна Гора
Барабан 4: Франција, Белорусија, Србија, Литванија
Европското првенство во Шпанија, ќе се игра во периодот од 23 јули до 2 август.