Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Падна и Црна Гора, младинките убедливо се пласираа на Европското првенство
Падна и Црна Гора, младинките убедливо се пласираа на Европското првенство

Падна и Црна Гора, младинките убедливо се пласираа на Европското првенство

Иако денешниот натпревар против репрезентацијата на Црна Гора беше само формален и за престиж, така не мислеа и избраничките на Симе Симовски. Во еден тежок натпревар со моменти на доминација на двете страни, нашите девојки подобро се снајдоа во завршницата и успеаа да забележат победа. По едно полувреме им припадна на двете репрезентации. Ние во првиот дел имавме константно водство кое го задрживме и на полувреме.

Во вториот дел Црнагорките засилија, дури во еден момент поведоа и со три гола разлика. Но како и на мечот со Исланд, девојките покажаа карактер кога беше најпотребно. Откако претходно резултатот беше израмнет на 17:17, Керамитчиева погоди за 18:17, што беше и конечен резултат на овој дуел. Гостинките го имаа последниот напад, но не успеаа да постигнат гол.

Младинската ракометна репрезентација успешно ги заврши овие квалификации со три победи од исто толку натпревари и се пласираше на Европското првенство што ќе се игра во Шпанија. Пред Македонија, претходно паднаа и репрезентациите на Исланд, Холандија и денешниот противник.

Најефикасна беше Сара Ристовска со 6 голови. Девојките кои го носат црвено-црниот дрес имаа и денес забележителна улога во овој голем триумф. Теодора Керамитчиева постигна 5, Ангела Тодоровска 3, а по 2 гола додадоа Сара Митова и Симона Стојановска.