Кадетската ракометна репрезентација на турнирот во Црна Гора(Никшиќ) го освои второто место. Оваа селекција предводена од селекторот Јулија Црвенковска одигра четири натпревари на турнирот, каде успеаа да забележи две победи и два нерешени резултати. Беа остварени победи против екипите на Младост(Србија) со резултат 28:6 и тимот на Левалеа(13:12). Одигравме нерешно со клубовите од Ц.Гора, Будуќност и Бар.
Шест ракометарки од клубот Вардар беа дел од составот на нашата репрезентација на овој турнир. Нина Ладева, Леонида Гичевска, Анастасија Николовска, Ива Божиноска, Александра Вељаноска и Моника Георгиевска се дел од ракометарките кои настапуваат во црвено-црниот дрес. Признанието за најдобар играч на турнирот и припадна на нашиот пикер, Јована Владева.
Оваа репрезентација активно се подготвува за предизвикот што им следува, а тоа е Европското првенство до 17 години, што ќе се одржи во Скопје. Нашиот главен град ќе биде домаќин на овој собир, во периодот од 13-23 август.