Изминативе денови Македонската кадетска ракометна репрезентација активно тренира, како дел од подготовките за европското ракометно првенство, што во месец август ќе се одржи во Скопје. На ова првенство ќе учествуваат девојчиња до 17 години. На поширокиот список на селекторот Јулијана Дамчевска се најдоа дури шест ракометарки, кои настапуваат за Вардар. Анастасија Николовска, Ива Божиноска, Александра Вељаноска, Моника Георгиевска, Теодора Колевска и Ана Станикевска се појавија на првиот собир на репрезентацијата кој се одржа во понеделникот.
Изминативе денови се тренираше и два пати во текот на денот. Во средата кадетките одиграа пријателски натпревар со првата екипа на Металург. Денес се очекува да одиграат нов подготвителен меч. Од понеделник девојките се враќаат на обврските со Вардар, каде во продолжение ги очекува нови дуели во првенството.